17 Декември, 2025
0.0588

Сијарто: Неопходно е изнаоѓање алтернатива за енергетска безбедност на Европа

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2015 12:20

Добивај вести на Viber

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, истакнал дека неопходно е да се изнајде алтернатива за стабилно обезбедување на средна Европа со гас по откажување на реализацијата на проектот „Јужен тек“. Според него една од алтернативните можности е изградма на гасовод кој преку териториите на Грција, Македонија и Србија ќе стигне до Унгарија. Целта според него на изнаоѓањето на алтернативно решение е обезбедување на предвидените количини на гас што претходно беа планирани со „Јужен тек“. „ Ваквото решение ќе се разгледа за десетина дена и со претставници на Турција низ чија територија треба да минува новиот гасовод што го договорија Москва и Анкара како алтернатива на „Јужен тек“ – рече Сијарто по вчерашната средба со потпретседателката на српската Влада Зорана Михајловиќ во Белград. Шефот на унгарската дипломатија најави дека во почетокот на следната недела ќе побара Европската комисија во својот инвестициски пакет да испланира и проект за унапредување на енергетската безбедност на регионот.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата