22 Јуни, 2025
0.0269

СИКОРСКИ ДАДЕ ПРЕДЛОГ ЗА СТАТУСОТ НА КРИМ: Се налутија и Русите и Украинците

Објавено во: Свет 20 Септември, 2024 19:52

Добивај вести на Viber

Полскиот шеф на дипломатијата Радослав Сикорски предложи решение за Крим, што ги налути и Украинците и Русите. 

Според него, Украина и Русија не можат да се договорат за статусот на Крим, па затоа е потребна интервенција на меѓународната заедница.

„Ние би можеле да го ставиме Крим под мандат на ОН со мисија да подготви фер референдум откако ќе провери кои се легалните жители и така натаму. Можеме да го одложиме тој референдум за 20 години“, предложи тој.

Меѓународната заедница, вклучително и Полска, не ја признава руската анексија на Крим во 2014 година. Самиот Сикорски ја потврди таа позиција во февруари оваа година. Советот на Европската унија на 17 јуни донесе одлука за продолжување на санкциите против Русија кои беа воведени како одговор на „нелегалната анексија на Крим и градот Севастопол“.

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека компромисите за територијалниот статус на Крим се неприфатливи. Беше нагласено дека територијалниот интегритет на Украина „никогаш не бил и не може да биде предмет на дискусија или компромис“.

Украинците изјавија дека очекуваат поддршка од нивните партнери за да ја принудат Русија да се повлече од Крим и да ги изведат пред лицето на правдата за кршење на меѓународното право и сторени злосторства.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така го отфрли полскиот предлог, нарекувајќи ја „апсурдна“ идејата за одржување „втор референдум за статусот на регионот во последните 20 години“.

Инаку, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази поддршка за Кримските Татари и кажа дека Крим треба да се врати на Украина. 

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ВЕЧЕРВА ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ ГО НАПАДНЕ ИРАН? Свика итен состанок во Белата куќа: - исходот испраќа порака и до сојузниците и до противниците на Америка

ТРАМП ВЕЧЕРВА ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ ГО НАПАДНЕ ИРАН? Свика итен состанок во Белата куќа: - исходот испраќа порака и до сојузниците и до противниците на Америка

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

РАСПОРЕДУВААТ БОРБЕНИ АВИОНИ: САД се поблизу до вклучување во војната меѓу Израел и Иран

РАСПОРЕДУВААТ БОРБЕНИ АВИОНИ: САД се поблизу до вклучување во војната меѓу Израел и Иран

Трамповата опсесија со „словенските жени“: Сите љубови на актуелниот американски претседател

Трамповата опсесија со „словенските жени“: Сите љубови на актуелниот американски претседател

СЕ СТРЕСОА НЕКОЛКУ ГРАДОВИ: Силен земјотрес го погоди Иран

СЕ СТРЕСОА НЕКОЛКУ ГРАДОВИ: Силен земјотрес го погоди Иран

OTКРИЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ: Кој ирански политичар беше мета?

OTКРИЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ: Кој ирански политичар беше мета?

ПУТИН: Рускиот и украинскиот народ се еден, цела Украина е наша

ПУТИН: Рускиот и украинскиот народ се еден, цела Украина е наша

ИМАМ ВОДЕШЕ МОЛИТВА СО ПУШКА ВО РАКА: Иранка им порача на Израелците да спремаат ковчези

ИМАМ ВОДЕШЕ МОЛИТВА СО ПУШКА ВО РАКА: Иранка им порача на Израелците да спремаат ковчези

СЕ ОТКАЖУВААТ МНОГУ ЛЕТОВИ СО БЛИСКИОТ ИСТОК: „Ситуацијта е влошена“

СЕ ОТКАЖУВААТ МНОГУ ЛЕТОВИ СО БЛИСКИОТ ИСТОК: „Ситуацијта е влошена“