Силк Роуд Банка во понеделник започнува со предвремена исплатата на пензиите за октомври
Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2022 15:11
Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека предвремената исплата на пензиите за месец октомври ќе се врши на 31.10.2022 година (понеделник). Почнувајќи од 31.10.2022 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.
Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на
благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 31.10.2022 година (понеделник), согласно распоредот направен според висината на пензијата:
· Во понеделник, на 31.10.2022 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
· Во вторник, на 01.11.2022 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
· Во среда, на 02.11.2022 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
· Во четврток, на 03.11.2022 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.
При посета во експозитурите, со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




