СИЛНИ ПРИЧИНИ: 10 работи кои никако не смеете да ги објавувате на ФЕЈСБУК!
Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2016 12:39
Фејсбук ги намалува бројот на лажни вести, после инфлацијата на дезинформации на почетните страни на своите корисници. Поради тоа ќе се вклучи во коалиција на 20 новинарски организации и Твитер , чија цел е да се намали бројот на лажни вести, меѓу кои се и разни теории на завера.
Меѓутоа, на Фејсбук не се единствен проблем лажните вести, туку и лажните профили, поради кои би требало да внимавате кој прифаќате за пријател и што споделувате со пријателите.
Всушност, информациите кои ги споделувате би требало да ги намалите на минимум, а 11 работи никогаш не би требало да ги објавувате.
1. Фотографии и податоци од возачка дозвола и пасош
Луѓето сакаат да објават кога нешто оди по план-на пример, заминување на одмор или дека положиле возачки испит. Најдобро е тоа да не го правите објавувајќи податоци од лични документи, бидејќи некој би можел да ви го украде идентитетот.
2. Планови за одмор
Објава на инфо дека сте илјадници км далеку неколку недели би можела да ви создаде бројни проблеми. Крадците би можеле да го искористат тоа за обивање на вашиот дом, бидејќи знаат дека е празен. Во тој случај не,а да ви помогне ни што сте ги замолиле соседите да ги палат светлата или да ја собираат поштата, бидејќи знаат дека ве нема.
3. Податоци за банкарски сметки
На страниците им требаат повеќе податоци од бројот од вашата сметка за пристап до вашите пари, но објава на податоци за уплата на ѕидот на пријателиѕе би можела да ви се удри од глава. Хакерите со помош на тие податоци може да упаднат на вашата сметка, а исто би можело да го направи и пријател кај кој тоа сте го објавиле, ако знае како.
4. Добитни ливчиња
Како што и се случи на жена од Австралија, која во своето воодушевување објави селфи со ливчето од 825 долари кое го освои на трката за коњи, би можеле да останете без пари. За жал, таа го сликала и баркодот на ливчето па останала без пари.
5. Домашна адреса
Својата домашна адреса на социјалните мрежи ја објавуваат повеќето луѓе отколку што може да замислите. Тоа не е толку опасно како отворено откривање на бројот на пасош или лична карта, но може да се искористи против вас. Најдобро е да бидете внимателни.
6. Информации за вашите деца
Милион фотки од вашите деца не само што ги нервираат вашите пријатели, туку може да ви нанесат штета. Погледнете ги вашите подесувања на приватност, сакате ли баш секој да ги гледа фотографиите од вашето семејство?
7. Жалби за вашата работа или шеф
Ова е така очигледно зошто, но примери од светот докажуваат дека секојдневно луѓето не размислуваат па кукаат по ФБ. Некои работи е подобро да ги оставите за кафе со пријатечоте. Можеби си ја мразите работата , но таа ви носи леб на маса.
8. Копирање на глупави статуси
На сите ни се добро познати-статуси за тоа дека Фејсбук наскоро ќе се наплаќа, дека ќе пронајдете среќа ако ширите љубов, ... Иако тие статуси изгледаат сосема невини, можно е да ги креирале маркетинг агенции или се дело на хакери кои праќаат вируси. Но дуир и ако не се, ужасно се напорни.
9.Фотографија од вашиот индекс
Браво, запишавте факултет. Сите ваши важни личности тоа го знаат од првиот ден, а со објавата на своја фотографија или локација на која поминувате многу време може да станете жртва на измама или уште полошо нешто.
10. Свои интимни фотографи
Иако вашите подесувања на приватноста можеби се строго контролирани, такви фотки сепак можат да дојдат во раце на луѓето за кои не биле наменети.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




