19 Декември, 2025
0.0422

„СИЛНО НЕВРЕМЕ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА“: Од денес земјата влегува во нестабилен период

Објавено во: Македонија 14 Август, 2024 11:13

Добивај вести на Viber

Почитувани, како што веќе најавив, од денес (среда 14.8.2024) влегуваме во нестабилен временски период, што значи дека атмосферата полека ќе се дестабилизира. Токму поради ова, во попладневните  и во вечерните часови локално ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, вели метеорологот Славчо Попоски.

Поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија, и тоа поради екстремно топлиот бран „Луцифер” кој условува екстремно високи температури на воздухот, локално процесите ќе бидат доста интензивни и застапени во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој во баква ситуација би можел да биде покрупен.

И во делови од Скопската котлина, во следните денови ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења  и со појава на град.

Апелираме, во случај на појава на невреме, како и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие до петок ќе бидат екстремно високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурите ќе се искачуваат до, па  и над 40 степени, односно до околу 41, 42 степени. Постепено опаѓање на температурите на воздухот, како и намалување на интензитетот на овој екстремно топол бран се очекува од овој викенд, а особено во почетокот на следната седмица“ вели Попоски. 


Можеби ќе ве интересира

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК