Симоне Филипини: Обвинетите да се соочат со одговорноста
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2018 08:34
Раководството на претходната власт да се соочи со обвиненијата и да не претставуваат како да не се виновни, порача поранешната харизматична холандска амабасадорка во Македонија, Симоне Филипини, посочувајќи ги со прст пред се екс-премиерот Никола Груевски, кој сега е азилант во Унгарија, и Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи.
„Луѓето што се одговорни за високото ниво на корупција, за поткопувањето на владеењето на правото во Македонија, за поткопувањето на независноста на медиумите, за корумпирањето на судиите, и да бидам искрена, некои луѓе од претходната влада, а ние добро знаеме кои се тие, поранешниот премиер, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и некои други што со право се обвинети сега во судски случаи, мислам дека крајно време е да замолчат и да размислат за она што ѝ го направиле на земјата, против земјата и против нејзините граѓани“, изјави Филипини за МКД.
Таа додаде дека бегството на Груевски во Унгарија е класична измама на македонскиот народ и дека државните структури мора да гледаат напред во развојот на институциите на правдата.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




