18 Декември, 2025
0.0667

Симовски кажа кога ќе се направи попис во Македонија

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2018 09:15

Добивај вести на Viber

Пописот на населението во Република Македонија во 2020 година ќе се реализира од 1 до 21 април. 

На терен ќе бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи, а овој пат ќе се користи комбиниран метод што подразбира покрај корисење податоци на терен, и податоци од регистри. Се проценува дека оваа операција ќе чини 8,5 милиони евра.

Ова го наведува директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за МИА изразува жалење што беше неуспешен пописот во 2011 година и оти тоа како институција ќе го носат како товар.

Бидејќи одбележуваме 73 години од постоењето на Државна статистика во РМ со големо жалење можам да констатирам дека она по што бевме можеби и најпознати во државата – спроведување на попис, ние во 2011 година не успеавме да го направиме. Сеедно кои биле причините и какви биле причините, овој срам ќе си го носиме уште долго време. Се надевам дека со спроведување на новиот попис ќе успееме да докажеме дека, сепак, сме кадарна институција да направиме едно вакво статистичко истражување и дека најмалку до нас била причината за неспроведување на пописот, иако како институција имаме голема заслуга за тоа што не се спровел. Таа вина мораме да си ја признаеме. Таа вина беше поради тоа што дозволивме или ги отворивме ширум портите за влегување на политиката во пописот. Тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме, барем додека сум јас тука и тврдам дека тоа нема да се случи. Може ќе има обиди секакви, меѓутоа ќе истраеме такво нешто да не дозволиме, туку да биде тоа што треба да биде – статистичка операција и ништо повеќе“- вели во интервјуто Симовски.

Новина покрај комбинираното прибирање на податоците, во пописот ќе биде и тоа што нема да се користат хартиени прашалници, туку пописот на терен ќе се спроведува со користење лап-топ.

Потенцира дека е важно што на ваков начин за многу пократко време ќе ги добиеме конечните податоци, наместо да се чека година и пол до две.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации