Симовски за Фактор: Падна системот за попишување, има граѓани кои одбиле да дадат податоци
Објавено во: Македонија 06 Септември, 2021 12:37
Паднал системот, па попишувачите од цела Македонија не можеле да внесуваат податоци за лицата кои ги попишуваат. Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика за Фактор ја потврди информацијата и рече дека сатнува збор за технички проблем кој не е во системот туку до услугата која ја опслужува телеком операторот. Вели дека моментно е на терен во Тетово и дека се надева дека проблемот ќе биде решен многу брзо. Веќе се известени техничките лица.
„Паднат е системот, но станува збор за проблем со интернетот во земјата. Известене операторот,ситуацијата можеби и веќе с еработи на решението, рече тој
Инаку соопшти дека во текот на вчерашниот ден, кој беше прв пописен ден на терен, се се одвивало како што треба. ПОтврди дека имало неколку случаи, попишувачот да биде вратен.
Едноставно граѓани рекле дека не сакаат да одговараат и да с епопишуваат, но не станува збор за голема бројка семејства. На тие места ќе се оди повторно и ние ќе ја решиме ситуацијата со зборување. Станува збор за задолжителна обврска и нам не ни е намерата да се праќаат пријави иако и тоа е предвидено во законот, рече Симовски за Фактор.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




