Симпл: Новиот вид ќе ги потисне другите видови на коронавирус
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Декември, 2020
Новиот вид на коронавирус ќе биде доминантен во целиот свет.
Британскиот професор по медицина на Универзитетот Ливерпул и член на советодавното тело за итни ситуации Калум Симпл вели дека новиот вид на коронавирус, кој се шири низ Велика Британија, најверојатно ќе стане доминантен во целиот свет. Тој изјави дека новиот вид има предност стекната со еволуирање побрзо да се шири кај човечката популација, па на тој начин ќе ги потисне другите видови на коронавирус и природно ќе стане доминантен, пишува лондонски „Гардијан“.
„Колку повеќе ќе се зголемува стекнатиот колективен имунитет, толку ќе биде поизвесна појавата и развојот на новите видови на коронавирус. Тоа не е изненадување за нас бидејќи секоја година се бориме со вирусите“, вели Симпл.
Новиот вид коронавирус, кој брзо се шири низ делови на јужна Англија, има невообичаено голем број мутации, дури 22“, изјавила британскиот виролог Венди Баркли.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.