20 Декември, 2025
0.0715

„Симпо“ ја тресе Србија, премиерот Дачиќ обвинува за политичка пресметка

Објавено во: Балкан 24 Август, 2013 10:42

Добивај вести на Viber

Српскиот премиер Ивица Дачиќ смета дека зад блокираната сметка на Симпо стои политичка пресметка со министерот за финансии кој е во заминување, Млаѓан Динкиќ, со него лично. „Мислам дека овде станува збор за политичка пресметка со мене и затоа не мислам дека одлуката е различна од целата политика што се водеше последните десет години", изјави Дачиќ за РТС, коментирајќи ја блокадата на сметките на компанијата поради неподмирен долг за даноци. Премиерот изјави дека не е спорно тоа што сите мора да плаќаат даноци, но прашува како сега ќе се плати данок ако фабриката оди во стечај. „Државата треба да ги сочува постојните работни места и да отвори нови", рече Дачиќ, додавајќи дека не можеме да очекуваме странците да ни креираат нови работни места, а домашните фабрики и бизниси да бидат во неповолна ситуација. Сите инвеститори доаѓаат, добиваат 5.000 до 10.000 евра за работното место, инфраструктурана помош, а понекогаш и бесплатно земјиште,  ослободени се од некои даноци во догледно време, потсети премиерот кој рече дека во последните 10- 12 години, загубени се стотици илјади работни места. Раководството на Симпо беше изненадено од одлуката на државата за им се блокира сметката поради неподмирување на данокот,  изјави за Танјуг претседателот на Надзорниот одбор во Симпо, Борислав Mилачиќ, истакнувајќи дека целта на Министерството за финансии и економија е да се уништи Симпо. Тој со истакнал дека компанијата Симпо со години не плаќала данок на државата, дека била упатена молба тој долг да се претвори во сопственост на државата, но од тоа не се случило ништо, туку очекуваат заштита од премиерот. Како што беше најавено пред неколку дена, Владата на Србија долгот на Симпо од околу шест милијарди динари за даноци и придонеси го претвора во државна сопственост. Државата и досега беше најголем поединец-сопственик на оваа фирма со околу 29 проценти, но останатите акции беа во сопственост на мали акциоери и приватни ивеститори. Вредноста на акциите на берза на “Симпо“ не поминуваат над 11 милиони динари. Владата одлучила да и овозможи на команијата да продолжи да работи, односно со 4.500 вработени и понатаму да остане еден од најголемите работодавци на југот на Србија.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација