19 Декември, 2025
0.0600

СИНДИКАТОТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА ЗА НАЈАВЕНИТЕ ОТПУШТАЊА - да не дозволиме 100 семејства да останат на улица во оваа криза, ГРАДОТ КАЖА ЗОШТО ОТПУШТААТ ОД ВОДОВОД

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2022 14:56

Добивај вести на Viber

СУТКОЗ при ССМ бара од Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да ја пресипита одлуката на в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје за прекин на договорите на преку 100 вработени во ЈП Водовод и канализација Скопје.

„Ова го бараме со оглед што знаеме дека ова се услови на светска економска и енергетска криза и неизвесност на глобално ниво, и градоначалничката да не дозволи да останат на улица преку 100 фамилии на наши колешки и колеги работници. Исто така СУТКОЗ при ССМ како репрезентативен синдикат за комунални дејности остро се спротиставува на прераспоредувањето на работниците во ЈП Водовод и канализација Скопје со задолженија и наредби, што е едностран акт на директорот, и е недозволиво знаејќи дека на нивно место исто така се назначуваат други работници со задолженија и наредби. Овие решенија/задолженија не нудат никаква правна сигурност на работниците и прават сомеж дека директорот прави реваншизам на вработените од само за него познати причини. СУТКОЗ и ССМ секогаш се залагаат и се борат договорите и решенијата за прераспоредување да бидат законски со двостран акт - договори за вработување помеѓу работниците и работодавачите и затоа бараме итна средба со в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје како и со Градоначалничката на Град Скопје за да спречиме дополнителни штети кон работниците во ова светска, економска и енергетска криза и неизвесност!“, се вели во соопштението од СУТКОЗ.

Претходно, од Град Скопје изјавија дека тој договор се ревидира затоа што Перински вработил речиси 100 лица во ЈП Водовод и канализација. 

„По најава пред еден месец за вонредна ревизија на вработувањата кои ги склучил екс-директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Златко Перински покажа дека речиси 100 лица се нововработени за неколку месеци. Градот Скопје нема да толерира расипничко однесување кое претставува дополнителен товар врз буџетот во услови на економска и енергетска криза. Од тие причини се ревидира оправданоста на новите вработувања во ЈП Водовод и канализација - Скопје. Партизацијата и корупцијата е рак на македонското општество, но и на државните институции кои повеќе од 30 години се деградирани од однесувањето на одредени поединци. Нема да дозволиме средствата на граѓаните да се трошат за вдомување на партиски кадри и нема да се дозволи корупција, непотизам и остварување на лични и теснопартиски интереси, нема да дозволиме да се прави нешто што е на штета на скопјани“, изјавија од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот