21 Јануари, 2025
0.1559

Синдикатот на „Југохром“ бара комбинатот да продолжи со работа

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Претставници на Синдикатот на вработените во „Југохром Алзар“денес, ќе предадат писмо – ургенција до Второстепената комисија на Владата, како охрабрување и поттик комисијата да одговори позитивно на жалбата против, според нив неоправданото искучување од работа на фабриката.

Во писмото се бара Второстепената комисија веднаш да ја укине донесената одлука од страна на Државниот инспекторат за животна средина за исклучување на печките на „Југохром Алзар“. 

Доколку комисијата, како што се вели во соопштението, не покаже чувство за реалноста од 1 јануари 2017 година 700 вработени и нивните семејства ќе останат без основна егзистенција. 

Синдикалната организација на „Југохром Алзар“, во писмото, инсистира и државните институции да направат анализа кој вистински го загадува Тетово и колкав е процентот на материи кои се испуштаат од комбинатот, а менаџерскиот тим со уште побрзо темпо да продолжи со изградба на системот за отпрашување. 

„Југохром“ ги изгаси печките на почетокот од ноември по одлука на Министерството за животна средина кое посочи дека компанијата ги пробила роковите за изградба на пречистителна станица за издувните гасови кои го загадуваат воздухот во регионот.
Од тогаш, неколкупати вработените во фабриката протестираа, со цел да се рестартира фабриката, а тие да се вратат на работа.

Можеби ќе ве интересира

OTKAKO ЈАВНОСТА ДОЗНА ДЕКА УМЕТНИК ОД ПРИЛЕП ЖИВЕЕ БЕЗ СТРУЈА: Ги прашаме граѓаните дали ја ценат уметноста и дали купуваат слики?

OTKAKO ЈАВНОСТА ДОЗНА ДЕКА УМЕТНИК ОД ПРИЛЕП ЖИВЕЕ БЕЗ СТРУЈА: Ги прашаме граѓаните дали ја ценат уметноста и дали купуваат слики?

ЕВЕ ОД КАДЕ И СО КОГО МИЦКОСКИ ЈА СЛЕДЕШЕ ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП: Беше во ложа

ЕВЕ ОД КАДЕ И СО КОГО МИЦКОСКИ ЈА СЛЕДЕШЕ ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП: Беше во ложа

ПРОСЛАВА ШТО ОБЕДИНУВА: Таравари со видео на фејсбук од инаугурацијата на Трамп

ПРОСЛАВА ШТО ОБЕДИНУВА: Таравари со видео на фејсбук од инаугурацијата на Трамп

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома