Синдикатот од Југохром бара итна средба со Емил Димитриев
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2017 15:09
Синдикатот од комбинатот Југохром од Јегуновце бара средба со премиерот, Емил Димитриев.
Тие сакаат да му ги пренесат своите барања и размислувања за иднината на фабриката.
„Ургираме средбата да се оствари во најкраток можен рок, прилагодена на вашите слободни работни термини. Ви напомнуваме дека ви стоиме на располагање во сите 24 часа од денот“ - велат од синдикатот во дописот упатен до Димитриев.
Тие денеска беа на средба во Министерството за животна средина.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети јасно го искажа својот став за ниедно семејство да не остане без месечни приходи и ниеден вработен да не остане без работното место.
Министерот уште еднаш го потврди ставот дека единственото решение за постоечкиот проблем е поставувањето на филтерите, со што ќе се сочува животната средина и здравјето на граѓаните, како и работните места на вработените во „Југохром“.
Работниците од Југохром неделава повторно протестираа и го блокираа автопатот Тетово – Скопје, кај наплатната рампа Желино. Тие се плашат дека ќе останат без работа. Печките за топење на феросилициум се исклучени од 1 ноември лани. Невладини организации беа жестоки критичари дека фабриката го загадува воздухот и мора да стави филтри. Сепак, и без Југохром Тетово е 10 пати повеќе загадено од дозволеното.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




