22 Мај, 2024
0.0356

Сиптоми кои покажуваат дали страдате од нарушување на спиењето

Објавено во: Стил 23 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Да поминеш непроспиена ноќ е вистинска катастрофа. На секој му се случило барем еднаш. Многу луѓе страдаат од различни нарушувања на спиењето без да сфатат дека имаат проблем.

Недостатокот на сон или интерференцијата во него му штетат многу на здравјето. Последиците од тоа се акумулираат, а тоа крие ризици од различни состојби и болести.

Кои се најистакнатите симптоми на растројство на сонот?

Замор веднаш по будењето

Ако сте спиеле 8 часа и покрај тоа се разбудите уморни, тоа може да е сигнал за нарушен циклус на спиење. Телото дејствува поинаку во различни временски прилики. Од таков синдром на постојан замор страдаат луѓето кои работат на смени, вклучувајќи и ноќни.

Организмот тешко се прилагодува кон нагли и дневни промени во време за спиење и реагира така што ја зголемува реконструкцијата во фази.

Хрчењето

Многу возрасни рчат. Ова обично се смета за безопасно, но понекогаш може да биде симптом на ноќна апнеја. Апнејата е опасна состојба, при што дишните патишта се блокираат и предизвикуваат прекин на дишењето за време на спиењето.

Спиење во текот на денот

Нормално е да се уморите, кога не сте спиеле добро во текот на ноќта. Но, ако ви се случува премногу често да заспивате во текот од денот, во текот на работата, возење или продолжено седење, тоа е знак на сериозна повреда на спиењето.

Тешко заспивање

Ако перманентно тешко заспивате, тоа не треба да се гледа како норма. Тешкотиите со заспивањето или честото будење во текот на ноќта се знак на несоница. Несоницата или инсомниа, е медицинска состојба која значително го намалува квалитетот на животот, нивото на енергија и предизвикува силна главоболка, намалена работоспособност и голем број здравствени проблеми.

Други болести

Недостатокот на сон или нарушувањата во него може да се сигнал за присуство на друга болест. Ако страдате од друго заболување како хронична болка, депресија или друг здравствен проблем, мешање на сонот, тоа може да ве внесе во еден маѓепсан круг од кој се излегува само со лекарска помош.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“