СИРИСКИТЕ БУНТОВНИЦИ ВО РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА АЛ АСАД - соборениот претседател се засолни во Русија (ВИДЕО)
Објавено во: Свет 08 Декември, 2024
Соборениот сириски претседател Башар ал Асад со членовите на неговото семејство е во Москва, откако доби азил од Русија, јави руска државна новинска агенција, повикувајќи се на извори во Кремљ.
Во меѓувреме стигнаа инфорации од Сирија, дека сириските бунтовници влегле во напуштената резиденција на сирискиот претседател Башар ал Асад, при што ги пронашле неговата колекција луксузни автомобили, објави лондонски „Телеграф“.
На видеата објавени на платформата „Икс“ може да се забележат борци и цивили како влегуваат во напуштената претседателска палата, ги ограбуваат работите на Асад и се сликаат на неговата маса.
بشار الأسد د دمشق څخه وتښتېد او رژیم یې سقوط وکړ pic.twitter.com/z9NWcfBLty
— نثار ملا (@AhmdyNthar1823) December 8, 2024
На снимката се гледа дека во просториите на претседателската палата останал малку мебел, а портретот на Асад е фрлен на подот.
Видлив е и голем хангар исполнет со автомобили вредни милиони евра, вклучувајќи „Ферари“, „Астон Мартинс“, „Ролс Ројс“, „БМВ“ и „Мерцедес“.
Претседателската палата вклучува три шесткатни згради со вкупна површина од 510.000 квадратни метри.