17 Декември, 2025
0.0424

СИРИЗА ТВРДИ: Грција нема да излезе од еврозоната

Објавено во: Балкан 06 Јануари, 2015 09:44

Добивај вести на Viber

Грција ќе продолжи да биде дел од еврозоната и доколку на предвремените парламентарни избори закажани на 25 јануари победи опозициската СИРИЗА, се вели во соопштението на партијата кое доаѓа по информациите кои се раширија низ цела Европа за неминовно излегување на земјата од еврозоната. По написите во германското списание „Шпигл“ дека Берлин ја признал можноста за излегување на Грција од еврозоната, СИРИЗА беше остро критикувана од страна на грчката Влада, предводена од премиерот Андонис Самарас поради тоа дека наводно таа ја почнала кампањата со закани за излегување на земјата од еврозоната. Грчката опозициска партија СИРИЗА во декларација наведува дека единствено Самарас се осмелил да ја поврзе евентуалната победа на партијата со излегувањето на Грција од еврозоната. „СИРИЗА не ја уценува Европа со терористички сценарија и со евентуалната победа на изборите опозициската партија ќе биде призната од цела Европа како прекрасна можност за преразгледување на тековната политиката на строги економски мерки“, стои во документот.. Според резултатите на анкетата, објавени на 4 јануари, СИРИЗА може да победи на парламентарните избори во јануари годинава.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата