17 Декември, 2025
0.0411

Сиромаштијата зема замав, нова народна кујна во штипско Карбинци

Објавено во: Економија 24 Август, 2013 20:38

Добивај вести на Viber

Во новата народна кујна во штипско Карбинци, храна ќе добиваат 30-тина лица. Денеска ја отвори лично министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов кој изјави дека  потребата на граѓаните за користење на народните кујни, бара тие да се отвораат и во руралните средини. „Владата на Република Македонија преку Агенција за управување со одземен имот, обезбеди возило за дистрибуција на храната на Општина Карбинци. Од буџетот на Министерството за труд и социјална политика преку ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Штип, ќе се обезбеди еден топол оброк и ладен оброк за викенд деновите“, изјави Спасов. Според планот, храната ќе прават вработените во училишниот и студентски дом „Браќа Миладиновци“ во Штип, по што 'ќе се носи во општина Карбинци, каде што ќе може да се хранат сиромашните од околните села. Досега Министерството за труд и социјална политика отворено има народни кујни во 41 општина. Македонија - една од најсиромашните земјите во Европа Луѓето кои се хранат во народните кујни се токму најсиромашните во земјава. Во својата Стратегија за Македонија, ЕБОР пишува дека во текот на изминатата деценија има благо подобрување на приходот по глава на жител, но не и кај најсиромашните. „Националниот доход кој им припаѓа на најсиромашните 20% од населението падна од 6,5 на 5,1 процент. Освен тоа, во услови на приход по глава на жител од 10.469 долари прилагоден од аспект на паритетот на куповната моќ и стапката на сиромаштија по глава на жител од околу 35 проценти, Македонија и натаму е една од најсиромашните земјите во Европа“, пишува вопоследниот извештај посветен на Македонија. Инаку според  ЕБОР  и Светската Банка, стапката на сиромаштија по глава на жител се дефинира како процентот на население кое живее со помалку од 5 долари на ден, прилагодени од аспект на паритетот на куповната моќ.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?