05 Јули, 2024
0.0289

Сите луѓе сакаат повисока плата, ама тоа е невозможно!

Објавено во: Економија 24 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Серија ветувања испорача Владата во изминатиот период. Од повисоки плати за вработените во МВР, преку раст на социјална помош и стипендии, се до таблети за средошколците. За дел од економистите овие владини најави се одговор на неповолниот развој на политичката сцена, и популистички обид за амортизирање на состојбата, но клучен проблем е што немаат економска оправданост. За најновите непланирани ветувања кои ги испорача Владата ќе треба да се обезбедат во најмала рака 8 милиони евра или околу 0,3% од вкупните расходи на државата, пресметаа економските аналитичари, повикувајќи се на владините изјави. Владата сега ќе треба да ги обезбеди овие пари кои не беа планирани во Буџетот за годинава, но прашањето е од каде ќе се најдат? „Дел од мерките се структурни и оправдани, како мерките за вработување на млади и повозрасните, и насочени се кон решавање на проблемот со невработеноста. Но, останатите мерки ја немаат структурната компонента и ќе претставуваат дополнително оптоварување на и онака големиот буџет. Со оглед дека нема изгледи за поголеми приходи во буџетот од планираните, најверојатно овие мерки ќе се финансираат или преку нови задолжувања или со реалокација од некои од постоечките ставки, вели Благица Петрески од ФинансеТинк.   finance think Сличен е и ставот на Горан Рафајловски од „Рафајловски Консалтинг“ . И Рафајловски тврди дека државата во овие монети, со сегашната економската состоја во земјата и опкружувањето не е во состојба да зголемува плати и социјала. „Сите луѓе сакаат повисока плата, ама финансиските можности на Владата не го дозволуваат тоа, во вој момент. А за да го реализира тоа ветување што го испорачува во последниот период, Владата ќе треба да се задолжува кај домашните или странските кредитори. Задолжувањата ќе бидат поголеми и поголеми, и мислам дека според сегашните анализи на приходната страна во Буџетот пари за овие најави нема“, вели Горан Рафајловски од „Рафајловски Консалтинг“ Експертската јавност а и меѓународните институции кои ја следат економијата во земјава повеќепати алармираа да се внимава со задлолжувањето, а особено задолжување за непродуктивни цели, додава Петрески, посочувајќи дека и реалокацијата на средствата не е решение со оглед на досегашните искуства кои покажуваат дека најчесто, истата се прави на сметка на капиталниите расходи. Дополнително, пред само неколку дена токму меѓународната кредитна агенција Стандард и Пурс предупреди на задолжувањето и високиот дефицит. С.Н

Можеби ќе ве интересира

ЧИПОВИТЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ „КАТАПУЛТИРАА“ РЕЗУЛТАТИТЕ НА SAMSUNG: Компанијата очекува уште една добра година

ЧИПОВИТЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ „КАТАПУЛТИРАА“ РЕЗУЛТАТИТЕ НА SAMSUNG: Компанијата очекува уште една добра година

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш