26 Декември, 2024
0.1142

Сите погледи денеска свртени кон Уставен

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2018

Добивај вести на Viber




Дали денеска Уставниот суд ќе му испркоси на влијанието на моќната меѓународна заедница, полниот ек на медиумската кампања и собирите и дебатите, спогодбата од Преспа и лидерските средби за формирање на ДИК која го организира граѓанското изјаснување, како и анкетите за излезност, и ќе го прогласи распишувањето на референдумот од страна на Собранието на 30 јули за неуставно?

Залогот секако би бил преголем на десет дена пред одржувањето, но Уставниот суд е пред тешка одлука од која, практично, зависи дали ќе продолжи референдумската кампања и дали ќе се гласа на 30 септември или ќе настане политички хаос во државата. Од друга страна, „Уставен“ може да одговори негативно на два начина - тоа би требало да биде отфрлање на иницијативите, или да се прогласи за ненадлежен.

Деветтемина уставни судии денес треба да се изјаснат за околу три иницијативи во еден предмет. Познавачите велат дека секој од нив ја има донесено својата одлука и гласањето ќе биде брзо. Во составот, велат тие, има и такви кои се назначени од времето на претходната власт кога беше во својот зенит, но дека не може да се верува дека е можно некакво политичко влијание. Еден уставен судија е предложен и од претседателот Ѓорѓе Иванов, кој веќе има донесено политички став дека не го признава референдумското прашање. Тука е и Елена Гошева која е назначена за известител за овој предмет а беше претседателка на судот од 2013 до 2016 година. Во моментов од редовите на самата опозициска ВМРО-ДПМНЕ има авторитети како Митко Јанчев и Никола Тодоров, кои веќе се декларираа дека ќе учествуваат на референдумот. Постојат и конспирации кои одат дотаму дека ова е однапред осмислено за да се одложи референдумот поради страв од компромитација дека нема да има доволна излезеност. 

Подносители на иницијативите се Левица, Светскиот македонски конгрес и извесен Марјанчо Ангеловски од Куманово, како граѓанин..Нивните аргументи се дека овој документ не ги содржи сите потребни елементи, дека референдумското прашање е манипулативно и повеќезначно и дека рефрендумот се однесува и на сојузништвото со ЕУ, што подлежи под други правила за одлучување. Според нив, самото тоа што иницијативите се ставени навреме на дневен ред е добар знак.

Според сознанијата на одредени медиуми, наводно нема да биде „надгласан референдумот“ бидејќи кај мнозинството членови на судот сега преовладува ставот дека референдумот е прашање од државен интерес и дека тој процес не смее да биде загрозен.

Дури и премиерот Зоран Заев во врска со постапувањето на Уставниот суд за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување референдум искоментира дека, според него, сѐ е во согласност со Уставот, но вели дека судот е најмеродавен.



Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова во првото годишно обраќање порача дека од ЕУ очекува европско однесување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова во првото годишно обраќање порача дека од ЕУ очекува европско однесување

ПАНОВСКИ ДОЖИВЕАЛ НЕСРЕЌА ВЧЕРА: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен

ПАНОВСКИ ДОЖИВЕАЛ НЕСРЕЌА ВЧЕРА: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен