15 Јануари, 2025
0.0263

СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ „ФРИЛЕНСЕРИ“ - Кои се предностите на „гиг“ економијата

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Традиционалната работа „од 9 до 5“ се повеќе станува минато, како концепт кој го заменуваат новите форми на професионален ангажман, со работа на проекти за различни клиенти, во различни делови од светот, без да зависите од локалниот пазар на труд.

За подемот на т.н. фриленсерство во Македонија разговараме со Моника Ризовска Таневска, претседател и амбасадор на Woman in tech Macedonia и маркетинг консултант со долгогодишно искуство, особено со фокус на личното брендирање на професионалците и поддршка на стартап еко-системот.

„Гиг” економијата е нова форма во која луѓето работат на одредени зделки и проекти или одредена работа што е дополнителна, меѓутоа потоа знае да прерасне и во подолгорочна професија. Верувам дека станува тренд самото фриленсерство, го имаме прифатено оној светски тренд каде младите луѓе се почесто бираат што ќе работат, имаат тенденција да изберат професија која што ќе им овозможи поголема слобода во движење  и нормално поголема слобода да си бираат и самите на што ќе работат  точно, каков тим ќе имаат и каков ангажман ќе прифатат, вели таа.

Финансиската едукација на фриленсерите е многу важна, бидејќи тие се соочуваат со многу предизвици за тоа како да поднесат даночна пријава, како да располагаат со заработените средства и на некој начин треба да размислуваат да функционираат како една микро фирма.

„Тоа дека си фриленсер тоа значи дека ти си микро претприемач у мора да знаеш повеќе работи што се сеопфатни за било кој бизнис. Од самото менаџирање до наоѓање на нов клиент, до промовирање да го најдеш самиот тој клиент, до самото менаџирање како тоа да се наплати, и нормално сето тоа да биде легално и финасиски, се е во рацете на фриленсерот“, смета Моника.

Еден од првите чекори да се стане фриленсер е да се надмине стравот од наоѓање клиент или проект, но штом тргне работата, тогаш може да дојде и до прегорување во обид да се задржи активно темпо.

„Секој почеток е реално тежок. Многу од фриленсерите кога ќе започнат да наоѓаат втора, трета зделка, доаѓаат до момент каде што, бидејќи во моментот на почетокот се нашле со предизвици да најдат зделки, секоја наредна зделка ја прифаќаат срдечно, затоа што имаат страв дека можеби понатаму нема да добијат одредена зделка или проект. Се случува степен каде што има и дури преголемо прифаќање на проекти, и тие потоа што потешко се менаџираат“, дополнува таа.

Меѓу главните придобивки на работењето на проекти е можноста за стекнување искуство и поминување на неопходниот период на практикантска работа, искуство кое може да биде клучно за развивање на професионалната биографија и потоа наоѓање подобро платена работа или пак поквалитетни клиенти.

„Верувам дека секој треба да испроба да биде фриленсер, особено оние млади кои што започнуваат во полиња на технологија. Сите знаеме колку е тешко на почетокот да најдеш, да здобиеш прво работни искуство, фриленсерството е добар начин дури и од средношколски клупи, од факултетски денови, да здобиеш работно искуство и навистина си спремен со одредени вештини што многу тешко може да ги добиеш доколку ги немаш“, сметаа таа.

Во подем е и личното брендирање на професионалците и фриленсерите, како и нивно поврзување преку социјалните мрежи.

„Многу е битно секој од фриленсерите да научи како да се промовира себеси, значи како да си го оддржува својот брендинг, затоа што сите знаеме дека, каква слика оставаме може долгорочно да ни помогне да правите клиенти и правите луѓе нас не наоѓаат полесно. Да го оддржуваш својот личен бренд не е веќе опција, туку е прашање на тоа дека треба добро да го менаџираш, затоа што сите знаеме дека и да не го менаџирате тој личен бренд, луѓето си создаваат одредена слика за вас“, заклучува Моника Ризовска Таневска.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина