15 Јануари, 2025
0.1297

Сите спремни! Ќе се дели најголемата македонска дивиденда вредна 36 милиони евра, кои се среќните добитници?

Објавено во: Економија 03 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Секој акционер во Македонски телеком, со исклучок на тие од сопствен откуп, за секоја негова акција ќе наплати 23 денари дивиденда. По доминантниот акционер, најдобитна е државата која од дивиденда и од данок на поделенета дивиденда ќе си наплати 16 милиони евра само од Македонски телеком

Македонски телеком, најголемата македонска телекомуникациска компанија, објави дека ќе ја подели најголемата дивиденда во конкуренција на сите компании чии акции се тргуваат на Македонската берза за хартии од вредност.

Станува збор на бруто износ на дивиденда во вредност од 35,97 милиони евра.

Тоа значи дека државата од Телеком ќе се офајди по две основи. Првата е од директен прилив на дивиденда затоа што Владата е сопственик на 35, отсто од сите акции со право на глас во Македонски телеком. Тоа се во нето износ 12,5 милиони евра. Вториот основ по кој државата ќе прибере 3,6 милиони евра е даночната основа (задршка за компаниите и персоналецот за физичките лица).

Вкупно, сума сумарум македонската држава ќе прибере од Телеком над 16 милиони евра.

Најголемиот акционер „Камени мост комуникации“ фирма која е соственост на најголемиот акционер „Дојче Телеком“ ќе добие 55% од сите пари предвидени за дивиденда односно тоа ќе биде 19,87 милиони евра во бруто износ. Нето износот по одбиток на данокот е околу 18 милиони евра.

Повеќе од 3.300 домашни физички лица – акционери во Телеком ќе поделат меѓу себе бруто износ од 720.000 евра.

Единствен акционер што нема да добие пари е токму Македонски телеком. Поседува 10% од акциите во сопствен откуп. Но, согласно со нашето законодавство сопствениот откуп не дава право на дивиденда.

Како што веќе пишувавме Македонскио телеком годинава е компанија што ќе подели најголема дивиденда во конкуренција на сите други компании кои делат дивиденда од нивните добивки остварени во 2023 година. Повеќе детали на овој линк https://faktor.mk/da-da-ova-e-vo-makedonija-koj-isplati-a-koj-naplati-179-milioni-evra-dividenda

Како што објави најголемата македонска телекомуникациска компанија дивидендата ќе се дели од 26 септември. Бруто износот на дивиденда по акција е 25,65 денари односно во нето износ по платен данок секој акционер ќе добие 23 денари за секоја акција со право на глас која не е во сопствен откуп.

Во интегрална форма соопштението може да се прочита на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=69788 на веб страната на Македонската берза за хартии од вредност.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина