Сител најгледана Телевизија, 24 Вести со најголем раст на гледаноста!
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2017 10:04
Агенцијата за аудио визуелни и медиумски услуги го стокми годишниот извештај од 2016 година за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици кои емитуваат програма на регионално ниво.
Според извештајот можеме да забележиме дека најгледани ТВ канали на територијата на Македонија во првиот квартал се националните ТВ канали Сител со просечен дневен досег од 37,29% и Канал 5 со просечен дневен досег од 31,54%. На трето место во првиот квартал е ТВ Телма со 18,71% просечен дневен досег. ТВ 24Вести во овој период има просечен дневен досег од 8,75%.
Во вториот квартал ТВ Сител, ТВ Канал 5 и Телма бележат пад на дневниот просечен досег кој изнесувал 36,38% , односно 29,54% и 15,67% наспроти растот на ТВ 24 Вести кој изнесува 9,96%.
Третиот квартал продолжува со пад на дневниот просечен досег на 36,42% на ТВ Сител. Канал 5 во овој квартал бележи раст кој достигнува 32,21% а досегот на Телма расте за 17,38%. Просечниот дневен досег на ТВ 24 Вести ја продолжува серијата на раст и во третиот квартал изнесува 12,42%.
Четвртиот квартал од 2016 год. бележи раст на сите погоре анализирани телевизии. Досегот на ТВ Сител изнесува 40,83%, на Канал 5 36,67% а на Телма 23,21%. Просечниот дневен досег на ТВ 24 Вести запиша квартален раст на 15,42% во последниот четврт квартал.

Што се однесува до регионалните ТВ канали, најголем неделен досег во својот радиодифузен регион во првиот квартал од 2016 година остварува КТВ (17,6% од популацијата во регионот Д1 Велес), К Три (15,3% од популацијата во регионот Д2 Страцин), Стар ТВ (15,9% од популацијата во регион Д3 Туртел), ТВ Вис (19,5% од популацијата во регион Д4 Боскија), ТВ Тера (16,1% од популацијата во регион Д5 Пелистер), ТВ О2 (17,4% од популацијата во регионот Д6 Мали Влај), ТВ Канал Три (27,5% од популацијата во регион Д7 Стогово), ТВ Коха (32,2% од популацијата во регион Д8 Попова Шапка), и ТВ Едо (9,8% од популацијата во регион Д1 Скопје).
Анкетата била спроведена од страна на „М-визион.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




