СЈО ќе го обжалат решението затоа што нема притвор во „Труст“
Објавено во: Македонија 03 Март, 2017 16:47
Од Специјалното јавно обвинителство информираа дека ќе го обжалат решението на судијата на претходна постапка при Основниот Суд Скопје 1 за неизрекување на мерка притвор за првоосомниченото лице во предметот „Труст“.
„Информираме дека ова Јавно обвинителство го обжали решението на судијата на претходна постапка при Основниот Суд Скопје 1 за неизрекување на мерка притвор за првоосомниченото лице во предметот „Труст““ - соопштуваат од СЈО.
Претходно, од Кривичниот суд соопштија дека во однос на лицето С.К. по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор, судијата на претходна постапка донесе решение со кое го одби предлогот на СЈО.
За лицето В.А. Јавниот обвинител од СЈО пред судија на претходна постапка го повлече предлогот за определување мерка притвор и предложи определување мерки за претпазливост.
СЈО деновиве отвори истрага за „Труст“ во која три физички и три правни лица се товарат за местење на тендери.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




