Скајп добива конкуренција?
Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2015 18:38
Ким Дотком, пират и основач на сајтот МЕГА, покренал видео сервис со кој сака да го потисне Скајп.
Најпознатиот интернет пират и „холивудски негативец“ Ким Дотком , го претстави „MегаЧет“ - видео повикување кое се заснова на „end-to-end“ енкрипција и интегрира во веб прегледучите Хром и Фјарфокс. Контроверзниот интернет пират најавил дека следат чет опции и видео кокуренција, и дека само во првите неколку часа преку „MегаЧет“ се обавени преку милион видео повици.
„MегаЧет“ се користи бесплатно, но мора да се има МЕГА профил, кој овозможува сигуре трансфер на податоците од МЕГА „Cloud“ преку видео повици. Засега МЕГА услугите ги користат 15 милиони корисници, а според предвидувањата на Ким Дотком до крајот на 2015 бројот на корисниците ќе се зголеми на преку 100 милиони!
„MегаЧет“ услугата порталите како што се „Engadget“, „The Verge“, „Mashable“, „TechCrunch“, „The Next Web“, „BBC“, Гардијан и други ја нарекуваат „убиец“ на Скајп сервисот, кој имал „епизода“ со давање кориснички податоци на НСА Агенцијата. Наспроти тоа, „MегаЧет“ не може да се прислушкува ниту пак податоците можат илегално или на друг начин да се соберат.
„MегаЧет“, баш како што „Мајкрософт“ ќе интегрира свој Скајп во новиот „Интернет Експлорер“ ил „Спартан“, го интегрира во „Фајрфокс“ или „Хром“ и од таму е можно за сега преку мега.нз адреса да се користи видео повикување во бета фаза.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




