19 Декември, 2025
0.0390

Скала и Пиксел го објавија отворањето на новата академија за дигитален маркетинг

Објавено во: Мои пари 21 Февруари, 2024 09:00

Добивај вести на Viber

Ентузијастите за дигитален маркетинг отсега имаат нова можност за квалитетна теоретска и практична едукација благодарение на партнерскиот проект на водечката Школа за дизајн и технологија, Скала и компанијата лидер во областа на дигиталниот маркетинг во Македонија, Пиксел.

Новата академија за дигитален маркетинг ќе им овозможи на студентите да научат како да креираат и имплементираат ефективни стратегии за дигитално промовирање на брендови, продукти и услуги. Наставниот план ќе ги опфати сите аспекти на дигиталниот маркетинг, како што се: SEO, SEM, SMM, е-маил маркетинг, контент маркетинг, аналитика и мерење, како и многу други клучни вештини за сеопфатно совладување на предизвиците што ги носи професијата. Студентите ќе имаат можност да работат на реални проекти со клиентите на Пиксел, како и да добијат менторство и совети од искусни предавачи од компанијата.

Академијата ќе трае 6 месеци, од кои 3 месеци се предвидени за теоретска настава и 3 месеци за практична работа. По успешно завршување на академијата, слушателите ќе добијат сертификат за дигитален маркетер, како и можности за вработување во Пиксел или други агенции коишто се занимаваат со дигитален маркетинг.

Димитар Јовевски, партнер и директор за бизнис развој во Пиксел, во оваа прилика изјави: „Ние сме многу возбудени за овој проект бидејќи веруваме дека дигиталниот маркетинг е една од клучните вештини за современиот бизнис. Со оваа академија сакаме да ги споделиме нашите знаења и искуства со новата генерација на дигитални маркетери, кои ќе можат да придонесат во остварувањето на визијата на многу компании кои се стремат кон раст и поголема конкурентност на глобалните пазари.“

„Утрово поминав низ скопската улица Максим Горки, покрај популарната алеа од јапонски црешки кои за кратко ќе ја обојат улицата со нејзиниот препознатлив розов цвет. Но, плодот од тој цвет никогаш нема да имаме можност да го вкусиме. Сепак, тоа е само калемена естетска корекција на остатоците од дрвени столбови. 

Ако продолжам во ботаничка метафора, калемењето на Скала и Пиксел не е само естетска корекција, туку суштинска врска за сочен и вкусен плод. Постигнавме клучни заклучоци коишто ќе ги примениме токму во оваа академска програма. Одиме Скала по скала, со знаење, искуство и синергија. На здравје“, вели Дејан Џолев, основач и извршен директор на Скала Академија."

Скала (поранешно „Џолев и уметностите“) веќе 12 години функционира како Школа за дизајн и технологија, фокусирана на развој и спроведување прогресивни образовни програми и практики во креативните индустрии. Со посветеност кон иновација, ги интегрираат новите дигитални технологии и методи во образовниот процес, создавајќи искуства кои ги подготвуваат студентите за предизвиците на современото општество.

Пиксел во 2023 година одбележа 10 години од своето основање како дигитална маркетинг агенција чиишто креативни решенија континуирано го привлекуваат вниманието на локалната и регионалната публика, како и на маркетинг професионалците коишто се приклучуваат на нивниот тим. По цврстото позиционирање како доверлив партнер за стратешки, креативни и консалтинг решенија за потребите на компаниите од најразлични индустрии, Пиксел денес е full-service компанија која во широкото портфолио на услуги вклучува и дигитален и традиционален маркетинг.

За повеќе информации и пријавување за Академијата за дигитален маркетинг, посетете ја веб-страницата skala.edu.mk/akademija-za-digitalen-marketing/ или контактирајте гo тимот на Скала на телефонскиот број 076 266 740 или на е-маил info@skala.school.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка