Скарамучи: Има заговор да го тргнат Трамп
Објавено во: Свет 13 Август, 2017
Ентони Скарамучи кој за 10 дена направи тотален хаос во Белата куќа целосно потфрлајќи во обидот да стане шеф за комуникации на претседател сега тврди дека има заговорници кои сакаат да го „тргнат“ Трамп.
- Претседателот не е претставник на политичкиот естаблишмент, па без разлика на гласовите што ги има добиено, луѓето од таа политичка класа сега сакаат да го елиминираат, рече Скарамучи, инсистирајќи дека такви личности има во Вашингтон, но и во самата Бела куќа.
Скарамучи одбил да каже за кои луѓе станува збор, освен што кусо забележал дека „некои имиња , претходно, веќе ги има споменато“.
Скарамучи му сугерира на претседателот Трамп дека треба да го прочисти составот на луѓето во Белата куќа и да постави само нему лојални луѓе. Тој беше отпуштен откако во интервју за Њујоркер со скандалозен речник ги пцуеше членовите на Белата куќа како Стив Банон еден од најконтроверзните советници на Трамп и неговиот екс шеф на кабинет Рајан Прибус.