22 Ноември, 2024
0.0282

СКЕНИРАЧИ ЈУРИШ: Мој ДДВ е усогласена, сепак ќе има скенирање до 2.100 денари

Објавено во: Економија 24 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Откако „Фактор“ утринава објави дека апликацијата Мој ДДВ има проблем и не дозволува скенирање над досегашните 1.800 денари, апликацијата е усогласена со новите измени, па граѓаните ќе можат да скенираат, без да навлегуваат во надминат износ.

Со соопштение дека апликацијата е прилагодена излезе и Управата за јавни приходи.

„Управата за јавни приходи ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023 објавен на ден 23.03.2023 година. Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај.Во моментов апликацијата МојДДВ, ја користат 523 673 граѓани a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари“, се вели во соопштението од УЈП.

Инаку, да потсетиме, граѓаните се жалеа дека апликацијата Мој Ддв не е функционална и не е адаптирана на новите измени.

На граѓаните не им беше јасно како да скенираат, бидејќи, кога ќе се отвореше апликацијата, секоја скенирана сметка што беше над лимитот од 1.800 денари, ја покажуваше во надмината состојба со црвена боја. Така се оставаше впечаток дека залудно се скенираат сметки, иако износот од повратот се пресметува над тие 1800 денари. 

Сепак, сега апликацијата е усогласена, и граѓаните до крајот на месецов можат слободно да скенираат до лимитот од 2.100 денари. 

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria