СКЛУЧУВАЊЕТО БРАКОВИ ОСТАНУВА ЗА НЕКОИ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА: Поради пандемијата за 70 отсто помалку регистрации
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Септември, 2020 07:01
Оваа 2020 година ќе помине со многу мал број на склучени бракови.
Поради пандемијата на коронавирусот, драстично е намален бројот на нови брачни заедници.
Ова го потврдуваат надлежните од Управата за водење на матичните книги.
„Во врска со бројот на бракови во целата држава, поради ковидот бројот на склучени бракови е драстично намален. Годинава тој број е за 70 отсто помалку од вообичаеното кога имало и по 300 брака месечно. Сега браковите се склучуваат во матичните канцеларии каде по протокол треба да бидат присутни само 5 лица со маски и ракавици. Може да склучат брак и надвор од службени простории, каде треба да биде на отворено, со максимум 50 лица, држење дистанца, маски и ракавици“, велат од Управата за водење на матичните книги.
Ако се вратиме наназад oваа година пред пандемијата да земе замав, во јануари имало 1.046, во февруари 922 и во март имало 507 бракови на ниво на државата.
Свадбени веселби се забранети за да се спречи ширење на коронавирусот.
Во полициските билтени, имаше и случаи каде сватови завршиле во станица затоа што во вакви услови правеле свадба.
Претходните години, најмногу бракови се склучуваа во текот на летото, посебно во месец август.
Тогаш дел од иселениците се враќаа во Македонија, склучуваа бракови, организираа свадбени прослави, и си заминуваа.
Во претходните години, „бум“ на венчавки преку лето имаше во северозападниот дел на државата.
Сепак, последнава деценија се намалува стапката на склучени бракови, а се зголемува бројот на разводи, ако се следат податоците кои ги објавува Државниот завод за статистика.Сања Атанасовска
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




