Скопјанец со нож го убил својот татко
Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2022
Син го убил татко му во нивниот дом во Бутел.
Б.Ј.(52) од Скопје, денеска во 11.34 часот е уапсен. Тој со нож му нанел убодна рана на својот татко В.Ј.(75). Таткото бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ каде лекар констатирал смрт.
По документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Лани во Скопје имаше случај каде син ја уби мајка си.