СКОПЈАНИ СО МАЛИ ДЕЦА ПОИТАА НА ВОДНО, ЖИЧНИЦАТА НЕ ИМ РАБОТЕШЕ - на сонцето уживаа само оние кои сами се искачија
Објавено во: Македонија 02 Јануари, 2023
Денешниот слободен и неработен ден, во кој Скопје е обвиено со магла, измами многумина скопјани, се разбира оние кои останаа тука, да излезат на чист водздух на нашата единствена планина Водно.
Многу семејства со мали дечиња посакаа да се качат и на врвот на Водно, но кога дошле на средно Водно, како што сведочат за нашата редакција, биле непријатно изненадени што не работи Жичницата, за што стоело и известување.
Па така, врвот вриеше од народ, кој уживаше на прекрасното сонце, за разлика од маглосаниот главен град на државава.
Оние пак, кои беа со помали деца кои не може да се искачуваат, мораа да се задоволат со амбиентот на средно Водно.
Од Панорамика нагоре не биле пуштани ни граѓани со автомобили, а тоа го спречувала полицијта.