27 Септември, 2023
0.0237

Скопје го доби Creative Hub – бизнис центар на креативноста и неформалното образование

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Почнувајќи од септември годинава, започна со работа првиот бизнис центар за креативност и неформално образование – Creative Hub, кој се наоѓа во строгиот центар на Град Скопје (веднаш до Универзална Сала).

Creative Hub (www.creativehub.mk), на своите посетители им овозможува модерен co-working простор (направен по план на Гугл кампусот во Мадрид), луксузно опремен за да ги задоволи и најпрефинетите бизниспотреби за работа или организирање на настани, а истовремено нуди и програма за сертифицирање по стандардите на Certiport,во која се вклучени повеќе Microsoft и Adobe компјутерски курсеви,како и курсеви за основи на програмирањето и повеќе понапредни вештини како оние за етичко хакирање, 3д графика, CSS3 и JavaScript.


За само два месеци од постоењето го надминавме бројот од 100 членови кои се вклучени во нашите активности, што преставува јасна потврда на фактот дека на Скопје и Македонија и недостигаше еден ваков центар кој ќе го обедини целиот креативен и бизнис потенцијал. Продолжуваме силно во намерата да направиме бизнис-револуција и да ги создаваме идните лидери во нашата заедница!“ – велат Бојан Коскаров и Филип Манојловски, кои се дел од тимот што управува со центарот.

Во рамки на Creative Hub функционира и програма за изучување на повеќе странски јазици и стручни курсеви наменети за подобрување на менаџерските вештини и познавањето на финансиите (целата листа на курсеви и обуки може да се погледне на овој ЛИНК), a како посебен дел од центаротсе и стартап академијата, која има за цел да им помогне на сите претприемачи и луѓе со бизнис-идеи како нивните планови и моделипрактично да ги развијат, како и креативните работилници, кои за прв пат во Скопје нудат можност за изучување на повеќе различни креативни вештини.


Creative Hub е отворен за сите бизнис-ентузијасти, млади претприемачи, афирмирани бизнисмени, луѓе кои сакаат континуирано да се развиваат и дообучуваат, за сите креативци и IT “нинџи“. Дојдете да се здружиме и заедно да ја направиме промената“ – завршуваат во еден глас Коскаров и Манојловски.

Можеби ќе ве интересира

МТЕЛ ја продолжува поддршката за македонскиот спорт, потпишан договор за спонзорство со КК МЗТ Скопје

МТЕЛ ја продолжува поддршката за македонскиот спорт, потпишан договор за спонзорство со КК МЗТ Скопје

Комплетна комбинација на Concentrix и Webhelp, создавајќи диверзифициран глобален CX лидер, добро позициониран за раст

Комплетна комбинација на Concentrix и Webhelp, создавајќи диверзифициран глобален CX лидер, добро позициониран за раст

Државна лотарија е гарант на одговорно и контролирано приредување на игри на среќа

Државна лотарија е гарант на одговорно и контролирано приредување на игри на среќа

Со поддршката од Клиника Жан Митрев, Шаховскиот клуб „Скопје 72“ се натпреварува на Светското шаховско првенство за ветерани

Со поддршката од Клиника Жан Митрев, Шаховскиот клуб „Скопје 72“ се натпреварува на Светското шаховско првенство за ветерани

ИНСТАНТ ЛОЗОТ „7 Х 7“ ЌЕ МУ ЈА ПОДНОВИ ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА НА ПЕНЗИОНЕРОТ МИЛЕ ОД КУМАНОВО

ИНСТАНТ ЛОЗОТ „7 Х 7“ ЌЕ МУ ЈА ПОДНОВИ ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА НА ПЕНЗИОНЕРОТ МИЛЕ ОД КУМАНОВО

Конференција „Вмрежување на Инграм и Вендорите #2“: Обединување на над 100 ИТ-експерти за оформување на иднината на компјутерските системи

Конференција „Вмрежување на Инграм и Вендорите #2“: Обединување на над 100 ИТ-експерти за оформување на иднината на компјутерските системи

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Дијамантите на Божиновски часовници и накит на 44 издание на фестивалот за филмска камера “Браќа Mанаки”

Дијамантите на Божиновски часовници и накит на 44 издание на фестивалот за филмска камера “Браќа Mанаки”

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата