СКОПЈЕ: Ќе се воведува трепкаво зелено светло на семафорите!
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2016
Од кабинетот на градоначалникот на Град Скопје соопштија дека од утре во главниот град ќе се воведе трепкаво зелено светло на сите семафори.
Оттаму информираат дека трепкавото зелено светло се воведува за предупредување на учесниците во сообраќајот дека завршува зеленото светло и слободното минување и дека ќе се вклучи жолто, односно црвено светло.
Трепкавото зелено светло се воведува за да се овозможи дополнително информирање на возачите, кое ќе придонесе за зголемување на безбедноста на семафоризираните крстосници на подрачјето на градот Скопје.
Од Град Скопје ги потсетуваат возачите дека во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата жолтото светло означува забрана за минување, освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да запрат, a да не го поминат тој знак и се мочат да го почитуваат истотот а крстосниците да ги поминуваат исклучиво на зелено светло.