Скопје за 24 часа има над 400 нови заразени со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Октомври, 2020
Скопје за 24 часа има над 422 нови заразени со коронавирусот, објави денеска Министерството за здравство.
Тетово има 64, Струмица 55, Куманово и Прилеп по 28, Битола 29, а Велес 38.
Другите градови се со помали бројки на заразени.
Во државата најмалку активни случаи има во Крушево 3, а во Пехчево има 6.
Вирусот денес однесе 14 животи.