16 Декември, 2025
0.3094

СКОПЈЕ ЗА ПРВ ПАТ ВО 30 ГОДИНИ ИМА ЖЕНА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК - Данела Арсовска прогласи победа во главниот град

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2021 03:17

Добивај вести на Viber

Ви благодарам што ги поддржавте проектите што ги истакнав во оваа кампања, и што одбравте да верувате на човечноста и што сте против црните кампањи, и што ми ја дадовте вашата доверба во следните четири години да го водам Скопје и да бидам ваш човек во градот. 

Со овие зборови го почна своето обраќање пред скопјани Данела Арсовска, која ќе биде нов градоначалник на Скопје, која сега има разлика од 20.000 гласа пред Шилегов. 

„По тешки битки, бидејќи мој противник не беше само стариот градоначалник, туку и премиерот во заминување, и на мое големо задоволство истакнувам дека за прв пат во 30 години независна Македонија Скопје има жена за градоначалнкик“, рече Арсовска. 

Вели дека има огромна победа, со над 20 илјади гласови.

„Во благодарам од срце на сите, семејството, пријателите и за сите скопјани што ме подреа, и покрај црната кампња. 

Скопје ќе го трансформираме во чист, зелен, модерен и убав град. 

Благодарам од срце скопјани, вечерва да славиме а од утре да почнеме со работа“, рече Арсовска.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“