Скопска седница: Решенијата за данок на имот ќе стигнат во март
Објавено во: Економија 30 Јануари, 2013
Решенијата за данок на имот од Град Скопје и од четирите општини Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Сарај граѓаните ќе ги добијат до крајот на март, беше договорено на денешната седница на Координативното тело на градоначалници на скопските општини.
За време на седницата скопскиот градоначалник, Коце Трајановски информираше и дека крајот на февруари до Град Скопје треба да се достават и изготват програмите за урбана опрема. Тој најави и дека ќе се создаде можност, оние што ќе поставуваат урбана опрема да не мора да прават елаборати, туку врз основа на програмата за поставување урбана опрема Градот ќе им издаде еден графички документ со димензиите на кои ќе можат да ја поставуваат урбаната опрема на јавна површина или на свој имот.
За време на седницата донесен е заклучок Град Скопје, освен во дигитална форма како што сега го испорачува ГУП-от и изводот од ГУП-от да се направи и хартиена копија која ќе им биде доставена на општините.