Скопската Зоолошка градина доби нова Халки училница на отворено
Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2022 13:05
Идејата е таа да има мултифункционален карактер, да послужи како училница во која ќе се одржуваат интересни работилници посветени на природата, екологијата, запознавање со животните, нивните потреби и навики, како и запознавање со улогата на човекот во живиот свет.
Скопје, 20 октомври - Во октомври месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје, на Зоолошката градина ѝ подарува нова училница на отворено. Просторот што се наоѓа непосредно до главниот влез е облагороден со голем поден мурал со пејсажни мотиви, насликан во широка палета светли тонови. Површината изобилува со насликани растенија, планини, дрвја и поттикнува на игра, дружење, фотографирање и забава. Всушност, Халкбанк АД Скопје, како голем пријател на Зоолошката, обезбеди интересни визуелни решенија, сцена на отворено, занимливости и креативи на кои доминира ликот на слончето Халки, со што омилената скопска дестинација, доби сосема нов изглед.

- Новото катче со сите елементи и муралот, кој е навистина многу колоритен и впечатлив, се надеваме дека ќе стане омилено место за дружење и средби на сите посетители на Зоолошката градина. Идејата е тоа да има мултифункционален карактер, да послужи како училница во која ќе се одржуваат интересни работилници посветени на природата, екологијата, запознавање со животните, нивните потреби и навики, како и запознавање со улогата на човекот во живиот свет. Всушност, сите овие теми се дел од нашата платформа ХалкЕко, но и од сите активности поддржани од Детското штедење и платформата на слончето Халки. Во средиштето на сите наши корпоративни проекти се децата преку кои сакаме да изградиме и здрава животна средина и здраво општество, оттука и идејата да им подариме една ваква колоритна училница на отворено – вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Банката и во иднина продолжува со работа на поле на екологија, засадување зелени пространства, како и на поддршка на бројни едукативни и креативни настани, каде што главната тема е заштитата на природата.
По повод 31 октомври, Светскиот ден на штедењето, во Зоолошката градина во Халки училницата ќе се одржат и првите работилници, што ќе значат и официјален почеток на нејзината употреба.

Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




