29 Јуни, 2024
0.0255

Скопски „Бетон“ ќе подели милион евра во дивиденда!

Објавено во: Економија 14 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Ова е прв пат компанијата да дели дивиденда, бруто износот на принос по акција е 1.100 денари, а домашните акционери – физички лица ќе поделат околу 250.000 евра. По објавата на оваа информација цената на акцијата на „Бетон“ скокна за 10 отсто на нашата берза. На последната берзанска цена таа акција носи принос од 20 отсто! Градежната компанија „Бетон“ од Скопје ќе подели дивиденда во бруто износ од речиси еден милион евра, ова е предлог одлука на менаџментот која ќе се најде на гласање пред акционерите на „Бетон“ на претстојното акционерско собрание. Вкупниот износ на дивиденда е 60,02 милиони денари или 1.100 денари бруто дивиденда по акција. Парите се издвоени од акумулирана добивка на таа компанија до 2008 година. Нето износот на дивиденда по одбивање на персонален данок е 990 денари, а последен ден на тргување со право на дивиденда е 19 јуни. Нето дивидендата е принос од фантастични 22 отсто во однос на последната пазарна цена на таа акција постигната во понеделникот на берзата која изнесуваше 4.500 денари за акција. „Бетон“ досега не исплаќал дивиденда на своите акционери. Оваа компанија е во доминантна сопственост на три странски компании: „Repro One Ltd“ со посед врз 22,2 отсто од акциите, „Wolles Trading Corp“ со посед врз 21,35 отсто од акциите и „Arrowcrest Ltd“ со посед од 19,94 отсто од акциите. Единствен домашен акционер што поседува над 5 отсто од акциите е поседува 5,04 отсто. „Бетон“ има 871 акционери домашни физички лица и тие поседуваат 24 отсто од акциите во компанијата, што значи дека околу 250.000 евра дивиденда ќе останат во земјава. Најголемиот поединечен акционер „Repro One Ltd“ е компанија регистрирана во даночниот рај т.е. „оф-шор зоната“ британски Девствени острови. Тој акционер од „Бетон“ ќе добие бруто дивиденда во износ од речиси 220.000 евра. Многумина оваа фирма ја поврзуваат со истакнатиот домашен бизнисмен Минчо Јорданов – претседател на управниот одбор на „Бетон“. Но досега тоа Јорданов не го потврдил, а во јавноста ниту еден медиум не изнел доказ дека има поврзаност на Јорданов со таа фирма. Вториот по големина акционер „Wolles Trading Corp“ е фирма со седиште во централно американската држава Панама. Нејзиниот профит во бруто износ од околу 235.000 евра. Третиот странски акционер е фирма со седиште во близина на Даблин, Република Ирска и за нејзините акции ќе добие дивиденда од околу 200.000 евра. „РЖ Техничка контрола“ лани во декември плати 187.000 евра за да купи 5 отсто од акциите со право на глас во скопски „Бетон“. Сега за својот влог од 187.000 евра оваа компанија ќе добие дивиденда во износ од околу 5.000 евра. Тоа е принос од 2,7 отсто на инвестицијата за период што ќе изнесува најмногу 10 месеци, а најмалку 6 месеци (во зависност од тоа кога „Бетон“ ќе исплати дивиденда. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба