19 Декември, 2025
0.0469

Скопски дилер падна во раце на полицијата

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2018 08:56

Добивај вести на Viber

Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде лицето Н.Ш. (39), од Скопје поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело - “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Имено, на 17.10, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот Н.Ш. и при претресот пронајдени и одземени се алуминиумска фолија со растителна материја, две поголеми и две помали паковки, како и една најлонска кеса со  растителна материја пресувана во разни форми, 10 пакувања со  грутчеста-прашкаста материја,  една паковка со прашкаста материја, неколку пакувања со вкупно 27 таблети во разни бои и форми, електричен блендер и пластичен сад со остатоци од непозната материја.

При преглед кај Н.Ш., пронајдена е поголема количина на пари и тоа 23 банкноти во апоени од 2.000 денари, 56 банкноти во апоени од 1.000 денари, 16 банкноти во апоени од 500 денари. По направеното вештачење констатирано дека материјалот во пресувана форма со вкупна нето маса од 447 грама претставува хашиш, а останатиот растителен материјал со вкупна нето маса од 50 грама претставува марихуана. За преостанатиот доставен материјал дополнително ќе биде направено вештачење. Во врска со случајот известен е дежурен Јавен обвинител, од кого се добиени насоки за натамошно постапување, а Н.Ш. е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка.


Можеби ќе ве интересира

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК