06 Октомври, 2024
0.0341

Скопски пазар“ изгуби 22 отсто од приходите од продажба!

Објавено во: Економија 23 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Компанијата што има 11 маркети и е меѓу четирите најголеми ланци на маркети скратила 27 отсто од оперативните расходи, платила 20 милиони денари за камати за крадити, за вработените потрошила 1,3 милиони евра, а профитот иако го зголемила 33 отсто во однос на лани, изнесува само 3 отсто од приходите од продажба „Скопски пазар“, еден од најголемите четири трговски ланци во земјава, изгуби 145,4 милиони денари (2,35 милиони евра) приходи од продажба во првите шест месеци годинава во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците од билансот на успех за првото полугодие што сега ги објави таа компанија на интернет страницата на Македонската берза. Големата трговска компанија изгубила 22 отсто од своето пазарно учество во првите шест месеци годинава во споредба со податоците за истиот период лани. Во истиот овој период таа компанија за финансиски расходи одвоила 24,9 милиони денари, а од нив 20,1 милиони денари се расходи за камати според достапните податоци од паричниот тек. Ова и не е зачудувачки податок со оглед на тоа дека таа компанија има долгорочни обврски – кредити во износ од 624,84 милиони денари (околу 11 милиони евра), а вкупните обврски на компанијата на крајот на јуни изнесуваат 1,34 милијарди денари и тие во однос на истиот период лани се пониски за 5 отсто. Од структурата на расходите очигледно се потврдува дека оваа компанија која поседува 11 дисконти (големи супермаркети) и 14 отворени пазари во Скопје значајно го изгубила своето пазарно учество затоа што ги намалила трошоците за набавка на трговски стоки за 31 отсто односно за 133 милиони денари (над 2,2 милиони евра) во споредба со лани. Овој податок покажува дека компанијата го намалила својот обрт во дисконтите заради тоа што и помалку набавувала стоки за широка потрошувачка кои што ги продава во своите продавници. Но токму во намалувањето на обемот на обртот и снижувањето на трошоците за набавка на стоки менаџментот на компанијата успеал да постигне состојба во која ја зголемил оперативната добивка од своето работење во споредба со лани. Така за првата половина од оваа година оперативната добивка изнесува 43,5 милиони денари и е за 12 отсто повисока од лани. Веројатно дека компанијата сега ја зголемила ефикасноста за управување со своите залихи. Но по плаќањето на финансиските расходи пред  се каматите на кредитите добивката на „Скопски пазар“ за првата половина од годината изнесува 19,2 милиони денари и во споредба со ланската е повисока за солидни 33 отсто. Но кога нето профитот ќе се спореди со вкупните приходи од продажба изнесува скромни 3,8 отсто – за толку работи големата маршинерија на „Скопски пазар“ која само за плати и трошои за вработените во првите шест месеци исплатила 80,5 милиони денари (1,3 милиони евра). Лани во првата половина на годината нето профитот изнесувал уште поскромни 2,2 отсто од приходите од продажба. Р.Ф.  

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?