СКОПСКО ВЕ ПОВИКУВА НА ГОЛЕМА ЕКО-АКЦИЈА ВО ОХРИД!

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2024 11:16
Заедно, за #НашатаГордост, Охридското
Езеро!
СКОПСКО ве повикува да се приклучите на големата еко-акција за чистење на Охридското Езеро, нашето непроценливо природно богатство кое заслужува целосна заштита и грижа. Оваа акција ќе се одржи на 1-ви јуни на плажата Дебрца (стар пат Охрид-Струга, во близина на реката Сатеска), и претставува одлична можност за сите граѓани, семејства и пријатели да се здружат во заедничката мисија за почиста животна средина.
Охридското Езеро, со својата извонредна природна убавина и значење, е симбол на нашата гордост и културно наследство. Заедно, можеме да придонесеме за неговото зачувување и да оставиме траен белег на нашите напори за одржлива иднина. Оваа иницијатива е дел од во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ со која сакаме да го подигнеме нивото на свест за важноста на зачувување на нашите природни обележја кои не само што се наша гордост, туку се и наша одговорност!
Детали за настанот:
- Датум: 1-ви јуни 2024 година
- Локација: Плажата Дебрца (стар пат Охрид-Струга, во близина на реката Сатеска)
- Време на почеток: 10:00 часот
Сите заинтересирани за учество можат да се пријават со пополнување на формуларот на www.skopsko.mk/form.
СКОПСКО обезбедува:
- Превоз: Превоз за сите учесници од Скопје до Охрид и назад.
- Освежување и храна: Во текот на целата акција, сите учесници ќе имаат на располагање освежување и оброци.
- Опрема за чистење: Потребната опрема за чистење, како што се ракавици, вреќи за отпад и други материјали.
Преку оваа акција се инвестираат средствата што беа собрани во првата фаза од CSR кампањата (од секое продадено Скопско пиво во стаклена амбалажа издвојуваме по еден денар во акции за чистење на Охридското езеро).
Вашето присуство и поддршка се од клучно значење за успехот на оваа акција. Ова е можност да се обединиме и заедно да ја покажеме нашата одговорност кон природните обележја и идните генерации.
Придружете ни се!
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“
Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
