СКОРО ДВЕСТЕ МУТАЦИИ: Научници ширум светот го истражуваат коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 07 Мај, 2020 20:50
Скоро двесте мутации на коронавирусот открија научниците.
Студијата на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) откри 198 мутации на вируси. Еден од неговите автори, професор Франсоа Балокс, вели дека мутациите сами по себе не се лоша работа и дека ништо не покажува дека вирусот САРС-КоВ-2 мутира побрзо или побавно од очекуваното.
Прелиминарните истражувања во САД покажуваат дека една мутација - D164G - е доминантна и би можела да доведе до забрзување на болеста кај луѓето, пишува ББС.
Научниците во Њу Мексико откриле дека оваа мутација предизвикува побрзо растење на шилецот на вирусот, но сè уште не се јасни последиците и дали ги има врз луѓето.
Научниците од Националната лабораторија „Лос Аламос“ во Ново Мексико ги анализирале промените во „боцката“ на вирусот што му дава специфична форма користејќи ги податоците од базата на податоци ГИСАИД. Тие заклучиле дека има нешто посебно во врска со оваа мутација што предизвикува рогчињата да растат побрзо, но ефектите од тој раст не биле јасни.
Истражувачкиот тим анализирал британски податоци за пациенти заразени од коронавирус во Шефилд. Иако им се чинеше дека луѓето со одредена мутација на вирусот имаат повисоки концентрации на вируси во примерокот, тие не пронашле докази дека овие луѓе се разболеле или останале подолго во болницата поради тоа.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





