Слаб земјотрес ја стресе јужна Македонија
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2017
Слаб земјотрес вчера е почувствуван и во Македонија.
Потрес со јачина од 2,3 степени по Рихтер, со епицентар во Стар Дојран, е почувствуван во земјава. Дојран се стресе во 19.59 минути. Потресот бил на 135 км оддалеченост од Скопје.
Утрово земјотреси се регистрирани во повеќе земји и тоа Турција, Италија, Мароко.
Вчера земјотреси имаше во Грција, Албанија, Романија, Турција, Швајцарија и други држави.