22 Ноември, 2024
0.1533

Славчо Попоски најавува дека циклон ќе ја зафати Македонија, ќе донесе дожд, но и снег

Објавено во: Македонија 28 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Meтеорологот Славчо Попоски најави дека на самиот крај од овој, и во почетокот од новиот месец кој ни доаѓа, април, следува и нова голема промена на времето во Македонија, но и пошироко на Балканскиот Полуостров.

Станува збор за моќен циклонски систем кој ќе биде со центар некаде над Италија, но и над Јадранското море, и истиот ќе донесе услови за интензивни врнежи од дожд на многу места од регионот.  Особено долж Јадранското приморје локално ќе има појава и на изразено невреме, проследено со поројни дождови, грмежи и олдуен ветер, па затоа токму поради ова граѓаните кои се наоѓаат долж Јадранското приморје особено од четврток па натаму да бидат крајно претпазливи. 

„Поради спуштање на доста постуден воздух од север, на самиот почеток од месец април, на повеќе места во регионот ќе биде снежно и се очекуваат интензивни врнежи од снег.  Доста снег се очекува да наврне особено во Босна и Херцеговина, Хрватска, делови од Србија и Црна Гора.  Најпрвин ќе дува засилен до силен ветер од јужен и од југозападен правец, додека потоа ветерот ќе го промени правецот во северен“, вели Попоски. 

Во Македонија овој циклон од четврток и за време на викендот ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд и засилен до силен ветер од јужен и од југозападен правец. На повисоките планинските места ќе има врнежи од снег. Локално ќе биде и нестабилно со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи, силен ветер и услови за локална појава на град. Сепак и покрај ова, оваа седмица температурите кај нас остануваат пролетни и нема многу да се менуваат.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР