Славчо Попоски објави какво време ќе имаме за Нова година
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2022
Метеорологот Славчо Попоски вели дека во новата седмица која што ни претстои ни следува период на стабилно и суво време, со многу повеќе сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
„Наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата и тоа поради разведрувањето кое се очекува. Минималните температури во следниот период ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 1 степен, додека максималните температури исто така ќе бидат значително пониски за разлика од оние кои ги имавме изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени“, вели Попоски.
Додава дека за време на новогодишната ноќ не се очекуваат врнежи од снег, а ќе биде и натпросечно топло.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.