02 Јануари, 2025
0.0315

СЛЕДНАТА ГОДИНА РЕКОРДЕН БУЏЕТ ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ - премиерот вели „конечно се чуствува слобода“

Објавено во: Економија 30 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Капиталните инвестиции оваа година ќе завршат на ниво поголемо од 70 проценти, од тоа што беше предвидено и планирано и мислам дека секогаш може да биде подобро, истакна денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања по пуштањето на реновираниот прв кат на Психијатриската болница во Скопје.

Тој посочи дека 2024 година беше изборна година, а како што вели првата половина беше таква, каква што беше, но новата Влада направила се што може за да ја зголеми реализацијата.

- Ценам дека оваа реализација е сосема коректна и навистина би рекол дека новата Влада направи се што можеше нивото на реализација на капиталните инвестиции да го зголеми. Следната година е година каде што е предвиден рекорден буџет за капиталните инвсетиции не само за државните, владините проекти, туку и за општинските проекти. 

Тука секако морам да ја споменам и поддршката кон економијата директно, којашто ја даде Владата, односно онаа поддршка за инвестиците на економските оператори 2,5 милијарди денари, што е поголема од 2022 и 2023 година. Исто така 2,5 милијарди денари се дадени преку ТИРЗ, тука да не го заборавиме и оној кредит со 1,95 отсто каматна стапка, којшто од јануари треба да биде достапен на македонската економија - изјави Мицкоски.

Како што посочи,  како Влада покажале и докажале дека сакаат да бидат пријатели на стопанството.

- Она што е најважно стопанството да се ослободи, а тоа го покажуваат и првите индикатори. Нема веќе политички моќници, голобради момчиња, кои купуваат трговски центри, сватови кои што возат ролс ројс, луѓе кои дивеаат во акционерски друштва и јавни претпријатија, како што тоа беше во минатото. Нема уцени, нема преземање на бизниси, нема проценти од јавни набавки итн - рече Мицкоски.

Тој ги повика и медиумите доколку почувствуваат дека има каква било индикација дека такво нешто се случува веднаш да кажат и јавно тоа да го соопштат.

- Но, ова е веќе седми месец што го гледам, таков тип на појава нема и тоа е најважното дека конечно се чувствува слобода во воздухот, после сиот оној притисок, којшто изминатите седум години постоеше, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува

БЕХТЕЛ И ЕНКА, КОРИДОРИТЕ, АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД...На што ќе се работи годинава и кои патишта ќе бидат пуштени

БЕХТЕЛ И ЕНКА, КОРИДОРИТЕ, АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД...На што ќе се работи годинава и кои патишта ќе бидат пуштени

ПОЗНАТ МИЛИЈАРДЕР ПОЧИНА НА БИЗАРЕН НАЧИН: Компанијата чиј основач беше ги соопшти деталите

ПОЗНАТ МИЛИЈАРДЕР ПОЧИНА НА БИЗАРЕН НАЧИН: Компанијата чиј основач беше ги соопшти деталите

ОВАА КОМПАНИЈА БЕШЕ НАЈМОЌНАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЧОВЕШТВОТО: Дали ја знаете?

ОВАА КОМПАНИЈА БЕШЕ НАЈМОЌНАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЧОВЕШТВОТО: Дали ја знаете?

ОВА Е КОМПЛЕТЕН ВОДИЧ ЗА СИСТЕМОТ ЗА ПАТУВАЊЕ ETIAS: Еве што не очекува во 2025 година

ОВА Е КОМПЛЕТЕН ВОДИЧ ЗА СИСТЕМОТ ЗА ПАТУВАЊЕ ETIAS: Еве што не очекува во 2025 година