Добивај вести на Viber
Cловенечките банки во првите пет месеци од годинава загубиле 117 милиони евра, покажуваат неофицијалните резултати на Банката на Словенија.
Силната загуба во првите пет месеци од 2013 година во најголем дел е резултат од падот на нето приходите од каматата од 21 процент, како и од високите трошоци од вредносното усогласување и резервациите.
Словенечкиот банкарски состав во април покажа загуба пред оданочувањето во износ од 41,5 милиони евра.
Во мај продолжи падот на депозитите на населението, кои се намалија за 81 милион евра, што е значително помалку во однос на намалувањето од 273 милиони евра во април.
Вкупните средства на словенечкиот банкарски сектор се зголемени за 380 милиони евра, откако во април беа намалени за 450 милиони евра, пренесува Франс Прес.