17 Декември, 2025
0.0620

Словенија ќе ги тужи должниците на некогашна Љубљанска банка?

Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2014 11:53

Добивај вести на Viber

Иако со пресуда на Европскиот суд за човекови права Словенија е обврзана да ги исплати некогашните штедачи во Љубљанска банка надвор од словенечките граници, премиерот Миро Церар не ја исклучува можноста земјата да возврати со контра-тужба против нив. Имено, Церар појасни дека одлуката на Европскиот суд Словенија мора да ја изврши во согласност со законот и откако штедачите ќе и ги предадат податоците тие ќе имаат право на исплата на влогот. Но, тука не се вклучени побарувањата што Љубљанска банка ги имала кон нив. „Тоа е сосема одвоено прашање и тука не ги исклучувам тужбите. Нашите побарувања мораат да се земат предвид. И другите имаа големи долгови кон „Љубљанска банка“, а тука не е исклучено дека ќе одиме со тужби. Тоа во моментов интензивно го проучуваме“, вели Церар. Согласно пресудата од Европскиот суд, Словенија мора да најде системско решение за исплата на некогашните штедачи од поранешните ју-републики во рок од една година. Словенечкиот Парламент допрва треба да донесе оперативен закон за спроведување на пресудата и да обезбеди средства во државниот буџет зџа оваа намена.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата