Словенија ќе го зголеми буџетскиот дефицит до 4,4 проценти
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2013
Властите на Словенија гласаа за ревидирање на буџетот за 2013 година и го зголеми буџетскиот дефицит до 4,4% од БДП. Промените се должат на влошување на кризата и потребите на високо задолжениот банкарски систем.
Претходниот буџет, одобрен по предлог на конзервативната влада на Јанез Јанша, очекуваше буџетски дефицит од 2,8%. Со оваа ревизија на буџетот, јавните расходи во 2013 година ќе изнесуваат 9,6 милијарди евра и очекувани приходи од 8,1 милијарди евра. Во 90-члениот парламент корекцијата беше усвоена со поддршка на 46 пратеници, 32 се спротивставија, а 4 се воздржаа.
“Претходниот буџет е нереален. Уште повеќе, дека економската ситуација во земјата се влоши. Ние ќе бидеме во можност да ги решиме проблемите, без какво и да е барање за меѓународна помош”, рече за време на парламентарната дебата Аленка Братушек, објави „Бизнис Вести“.
Словенија, која е членка на Европската унија од 2004 година и на еврозоната од 2007 година, беше спомената во април како потенцијален кандидат за меѓународна помош по спасувањето на Кипар. Причината е најмногу банкарскиот сектор, кој е потонат во долгови.
На 9 мај владата претстави план за стабилизирање на државните финансии, и вклучува зголемување на ДДВ од 20% на 22%, воведување на нов данок на имот и ново штедење на трошоците за јавниот сектор.
Дефицитот се очекува да достигне 7,8% од БДП во 2013 година во однос на 4,0% во 2012 година, според владините проценки во мај.
Европската комисија усвои на 29 мај дополнителен рок од две години, т.е. до 2015 година да се намали буџетскиот дефицит под 3%, како што е предвидено во Договорот од Мастрихт.