22 Јануари, 2025
0.0298

СЛУЧАЈ „ЕРАЗМУС“: Професори и поранешен декан на обвинителна клупа

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешниот декан на Економски факултет Бобек Шуклев, тројца негови колеги, двајца демонстратори и вработен во студентското бифе ќе седнат денеска на обвинителна клупа .

Почнува рочиштете за случајот „Еразмус“ во кој погоре наведените се сомничат за  примање на поткуп и за посредување во поткуп. 

Професорите се товарат дека од студент примиле поткуп од 2.000 евра , а за возврат нему требало да му се овозможи да го положи испитот.

Обвинителството никогаш не кажа дали се пронајдени парите кои се предмет на поткуп, но потврди дека во кабинетот на еден од професорите биле пронајдени студентски пријави.

Еразмус случајот беше покренат во јуни годинава-Битка со професорската мафија или спин да се покрие нешто друго?

Малверзации на економски истражуваше обвинителството и во 2007 та година 

Уште во 2007 та тогашниот скопски јавен обвинител Стерјо Зиков го чешлаше економскиот факултет, откако државната ревизија утврди повеќе злоупотреби. Во извештајот за финансиското работење на Економски кое го објави Државниот завод за ревизија, беше констатирано дека во 2005-та факултетот остварил 250.000 евра незаконски приходи, наплатувал и до 4.400 денари за година од студентите. Се спореше и осигурувањето, наместо сите 5.400 студенти по име и презиме, факултетот во „Еуролинк“ осигурал само бројка од 3.500 студенти. На деканот од Економски и на неговите соработници им се забележуваше и дека истата година реализирале приватни патувања со студентски пари, делеле екстра хонорари по неважечки одлуки. Сите овие обвинувања беа на адреса на актуелниот декан Шуклев, кој со факултетот тогаш раководеше девет години, го туркаше петтиот мандат. Сепак скопскиот јавен обвинител Стерјо Зиков тогаш изјави дека нема да го гонат раководството на факултетот, бидејќи ценат оти немало кривично дело. Рече, можеби имало прекршоци, но тие биле застарени. Тогашниот министер за финансии, кој беше дел и од професорскиот тим, немаше категоричен став по ова прашање. „За ниту една институција, не само за Економскиот факултети не е во ред ако се констатираат значителни прекршоци на законските прописи, во тој случај треба да има објаснување и евентуално, ако се од таков карактер сносење на одговорност“, изјави Трајко Славевски, тогашен министер за финансии. 

Шуклев уште одамна предвиде дека ќе се случи полициска акција на економскиот факултет 

Во емисијата „Патот до успехот“ на телевизијата „24 Вести“, снимена во септември 2014-та година, Шуклев зборуваше за подемите и падовите во својата кариера. Тој беше долгогодишен декан на Економскиот факултет во Скопје, дури пет мандати беше продекан и декан. Прашан за истрагите на економскиот факултет, Шуклев изјави дека очекува притисокот од власта да продолжи. Убеден сум дека работиме чесно и совесно, инспекциите можат да си работат рече Шуклев. „Ќе издржиме“ изјави тогаш Шуклев. „Знам дека се чека погоден момент, и тие тенденции се оставаат за друго време, но немаме што да криеме“. Тој во своите настапи ја критикуваше работата на Владата, секогаш одмерувајќи ги зборовите. 

Има корупција на факултетите, но студентите не пријавуваат 

Во 2013 година истражувањето за перцепција за корупција во високообразовните установи во Македонија, Србија, Хрватска, Молдавија и во Бугарија покажува дека студентите имаат висока перцепција за корупција на нивните факултети, но не се осмелуваат да пријават. Според истражувањето, во Македонија е истакната појавата на непотизам, односно професори што го користат своето влијание во процесот на уписи, студенти што користат познанства при процесот на упис на факултет, професори што даваат повисока оценка на основа на познанство и студенти што користат познанства за да добијат повисока оценка или да положат испит. На прашањето зошто не пријавуваат корупција, 28 отсто од испитаниците во Македонија одговориле дека не веруваат дека би промениле нешто, додека 21 отсто се плашат од одмазда. Директно искуство кога студентот купува книга од професорот за да добие поголема оценка имале 39 отсто од испитаните студенти. Студентите на УКИМ (66 отсто) се подготвени да пријават професор дека примил поткуп, но само ако пријавувањето е анонимно.. 

Зошто само Економски факултет?

Ако надлежните институции се решиле да ја средат корупцијата на високообразовните институции, прашањето кое кое го поставува универзитетската фела е: зошто е избран само Економскиот факултет, зошто не е проширена истрагата и на пример на: Правниот, Медицинскиот факултет итн.? Во разговор со голем дел од универзитетските професори, велат дека ова е одмазда на актуелната власт, која не успеа да го заузда „Економски“ од честите критики на професорите за лошите економски владини политики... Дополнително, оваа владеачката гарнитура Економскиот факултет неформално го третира како опозициски стожер. Токму затоа голем дел од професорите сметаат дека ова е политичка пресметка на власта со неситомислениците.. Секако истрагата треба да покаже дали има реален криминал во работењето.

Повеќе за она што го пишуваше Фактор за овој случај читајте тука!

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција