25 Ноември, 2024
0.2864

СЛУЧАЈ ВО ЛАТИНСКА АМЕРИКА: Дресираат кучиња за да препознаваат заразени

Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Полицијата во Чиле дресира кучиња да ги намирисаат болните од коронавирусот преку нивната пот. 

Три златни ретривери и лабрадор на возраст од 4 до 5 години кои досега се користени за откривање дрога, експлозиви и исчезнати луѓе се кучињата што се дресираат.

Програмата за дресирање е резултат на заеднички напори на полицијата на Чиле и експерти од Католичкиот универзитет на Чиле. 

Кучињата имаат 330 милиони мирисни рецептори и способност да откријат мириси 50 пати подобро од човекот. Тие можат да намирисаат 250 луѓе на час. 

Коронавирусот нема мирис, но болеста предизвикува метаболички промени кои доведуваат до ослободување посебен вид на пот, а тоа е она што ќе го намирисуваат кучињата, вели професорот по ветеринарна епидемиологија од Католичкиот универзитет, Фернандо Мардонес.

Според Сантелицес, тестовите во Европа и во Дубаи покажале 95 отсто прецизност во откривањето на болеста КОВИД-19. 

Кучињата можат да откријат болести како туберколоза, паразити, па дури и рани стадиуми рак. Тие можат да почувствуваат мали промени на температурата на кожата, па би можеле да се користат и за откривање на треска.

Обуката на кучињата почна пред еден месец со примероци на пот земени од пациенти и експертите се надеваат дека кучињата ќе бидат на терен до август. Планираат да ги распоредат на подрачје каде што има многу пешаци покрај автобуските постојки, аеродромите и други фреквентни места.

Чиле е шеста земја по ред во светот по бројот на заразени. Бројот на заболени е 323,698, а починаа над 7.200 луѓе. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната